man fashion

Ќе облечат ли здолниште мажите оваа пролет?

Во прилог ви ја нудиме пролетната колекција на Givenchy, која како и сите останати пролетни колекции го заменува зимското сивило со ултра свежи и позитивни бои. Зелена, бела, и виолетова. Тоа се боите за кои Givenchy се одлучи.

Освен класичните одела, во колекцијата се наоѓаат и помалку чудни и невообичаени парчиња. Куси панталони искомбинирани со палта или тесни блузи. Но, како и кај некои други брендови и кај овој моден гигант мажите на пистата прошетаа во куси здолништа. Сукњите се еден од главните трендови за следната пролет.

 

Напиши коментар