Во 2010 година, топ моделот Cindy Crawford изјави дека ќе се потруди да ја држи ќерка си понастрана од модната индустрија и дека нејзината, тогаш 8-годишна ќерка, сметала оти за да бидеш модел и не ти требаат некои големи способности.
Епа, за две години можат да се случат многу работи и нештата да добијат поинаков тек. Ќерката на Cindy се појавува во реклама за „Young Versace“ и изгледа одлично. Еве што имала да изјави гордата мајка веднаш по снимањето:
– Ми се допадна. Мислам дека беше супер. Многу се гордеам со ќерка ми. Бев таму на снимањето и знам какво доживување ова беше за неа. Ѝ се допадна, но виде дека не е така лесно како што таа замислуваше. Првите десет фотки се чисто за забава, а потоа следуваше напорна работа. Има причина зошто овој бизнис се вика работа. Мислам дека ова беше добра лекција за Kaia да види што работам јас.
