Scout Willis, ќерката на актерката Demi Moore и Bruce Willis, напишала на Твитер дека ги мрази своите родители и дека добро ги искористува.
Таа исто така на социјалната мрежа пишувала за секс, дрога, но и за родителите кои ги мрази. 20-годишната Scout студира на универзитетот „Brown“, а портпаролот на нејзините родители тврди дека сите написи на Твитер се всушност дел од еден проект по некој предмет кој таа го слуша на факултет.
– Го мразам капитализмот исто како и моите родители, но и двете работи добро ми служат и можам да ги користам, – напишала таа на Твитер.
Напишала и дека Terry Richardson сакал да има секс со неа, но дека таа не била заинтересирана и само му дозволила да ја слика гола со капут. Портпаролот тврди дека сето ова е измислено и дека експериментот служи за да се види на што јавноста најмногу реагира.
