ШоуБиз

Ќерката на Мадона си ја избричила главата на пола :)

Сите ја знаеме Мадона по нејзиниот невообичаен и препознатлив стил, а по сè изгледа, нејзината ќерка уште од сега ги следи нејзините чекори. Пред некој ден, Лурдес Леон е фатена како се шета низ Њујорк со нова фризура. Нејзината глава била половина избричена, а другата половина ѝ била со долга коса.

15-годишната тинејџерка носела широка јакна и искинати хеланки, и гордо ја промовирала својата нова фризура, по која пејачката Кеси стана популарна во 2009 година.

Дали Мадона го одобрува овој панк изглед не знаеме, но во 2010 година Лурдес изјави дека нејзината мајка не е многу воодушевена од драстичните промени на изгледот кај нејзината ќерка.

Напиши коментар