Madonna ги уништила сништата на ќерка си да игра заедно со неа на сцената за време на претстојната светска турнеја.
Lourdes, чиј татко Carlos Leon е танчер и тренер, сакала да ѝ се придружи на мајка си уште овој месец, кога всушност започнува турнејата. Сепак, блиските луѓе кои се задолжени околу организацијата на турнејата велат дека на 15-годишната Lourdes ѝ е доделена улога во секторот за облека.
– Нема планови според кои Lourdes ќе се качи на сцена, нема да игра, ниту да настапува. Ќе работи во гардеробата, – вели изворот.
Можеби ова е само мала казна бидејќи неодамна Lourdes ја налутила мајка си со тоа што пушела цигара.
