ШоуБиз

Ќерката на Вил Смит ја имитира Ники Минаж!

Ќерката на Вил Смит, 11-годишната Вилоу Смит, во петокот се појавила во јавност со огромна розево-бела перика и изгледала како мини верзија на раперката Ники Минаж. Вилоу е забележана во Беверли Хилс заедно со своите пријатели.

Малата модна икона ја посетила и продавницата на „Луи Витон“, а на влезот ја пречекале бројни обожаватели. Вилоу соработуваше со Ники Минаж на својата песна „Fireball“, па изгледа дека пејачката ѝ оставила голем впечаток, што надежната ѕвезда се решила да го имитира нејзиниот екцентричен стил.

Во близина бил и нејзниот постар брат Џејден, кој се потрудил да ги оттргне обожавателите подалеку од сестра си.

 

Напиши коментар