ШоуБиз

Ќерката на Вил Смит се ишиша ќелаво!

Надежната поп ѕвезда Вилоу Смит засега нема да може да си игра со својата коса на видеата кои ги снима. 11-годишната пејачка се решила на многу храбар чекор, па ја избричала својата глава целосно и веднаш поставила слика на Твитер.

Кој знае како ќе реагира или како реагирал Вил Смит кога видел каква лудост овој пат направила неговата ќерка. Без нејзините долги локни, Вилоу сега повеќе наликува на татко си, отколку на Џада Пинкет.

Поп ѕвездата исто така решила да ја покаже огромната љубов кон балетот, па постирала и слика со специјални златни чевли за балет.

Засега не е позната причината која ја натерала малата Смит на овој решителен чекор.

Напиши коментар