ШоуБиз

Ќерката на Whitney во врска со посвоениот брат!

Bobby Christina Brown, ќерката на Whitney Houston и Bobby Brown наводно е во врска со посвоениот брат, Nick. Само да потсетиме дека Whitney го посвоила Nick во тајност и се грижела за него во текот на изминатите години, а за него се дозна дури сега, по нејзината смрт.

Според еден американски портал, Bobby Christina (18) и Nicholas Gordon (22) неодамна се видени како се бакнуваат во јавност и дека се заедно веќе неколку месеци. Bobby на својот Твитер профил има неколку тазе фотографии со братот, а целата оваа работа ја искоментирал и психологот Phil Dembo:

–          Ако тие двајца се во љубовна врска, тоа не е нормално, ниту општествено прифатливо. Иако не се во крвно сродство, одгледани се како брат и сестра и ако се заедно тоа ги преминува границите на нормално однесување, – изјавил психологот.

Напиши коментар