Убавина

Класичниот стајлинг – еден од основните сезонски трендови

Во 2013 година ќе се носат сите должини на косата, а поентата е фризурата да делува елегантно, едноставно и бујно.  Кога станува збор за бојата, можете да ја обоите руса, црвена или кафена –важно е само нијансата да не биде екстремна.

Модата конечно води сметка и за здравјето на косата, па е одлично што ќе можете да бидете во тренд, а да не ја оштетите косата. Природаните нијанси, имено не бараат агресивни третмани. Логично, бидејќи во 2013 година императив е здрава, убава и мека коса.

Елегантна пунџа

Романтична, едноставна пунџа ќе биде апсолутен хит во 2013 година. Косата треба да биде мазна и сјајна, а ако ја тапирате, тоа не би смеело да се забележи. Претерување и извештачен изглед не доаѓаат во предвид. Држете се до класичните форми, бидејќи софистицираната елеганција е императив во 2013 година.

Секси локни

Овие големи кадрици кои го урамуваат лицето како мек ореол се најдобар доказ дека кратката коса може да биде исклучително женствена. Тој секси, роматичен изгледсе постигнува со волумен и опуштени, бушави кадрици. Секако, дебелите веѓи и нагласени полни усни само ќе придонесат за сензуален изглед.

Најпрактична зимска фризура

Оваа фризура се прави лесно, трае неколку дена, а капата и влагата не и можат ништо. Затоа е совршена за секој ден, а особено во зима. Значи, ако имате коса со средна должина или долга, исфенирајте ја лесно со крупна четка. Потоа поделете на четири-пет дебели прамени и завиткајте ги на крупна округла четка. Оставете така најмалку половина час. Немојте да користете премногу препарати за обликување.

Раскошен Боб

Боб фризурата секогаш е во мода, но претојната сезона хит ќе биде слоевито ишишана варијанта. Оваа фризура делува меко, бујно и опуштено, се согласува со различни стилови на облекување и одговара на жените од сите возрасти. Модерниот волумен се носи широко и не вклучува обем на темето. Косата е како кај сите трендови карактеристични за 2013, природна, здрава и убава на допир.

Крупни бранови

Ако сте бринета и имате долга коса, освежете ја со боја топла, богата мока нијанса, која ќе биде модерна за 2013 година. Со дебелите виклери или со преса формирајте крупни бранови таласи на косата. Тие рефлектираат светлина, така што оваа фризура повеќе ќе се истакне во боја.

 

Напиши коментар