ШоуБиз

Клои Кардашијан е полусестра на Ким!?

Семејството Кардашијан е полно со контроверзни приказни. Најновиот трач е дека покојниот татко на Ким, Клои, Кортни и Роба се сомневал дека Клои му е ќерка. Сомнежот им го доверил на поранешните жени, а тие тоа го објавија во јавност.

Џен Ашли, со која Роберт се оженил по разводот од мајката на Клои изјавила дека „Клои не е негова ќерка. Ми го кажа тоа кога се венчавме.“

Клои изгледа доста различно од своите сестри и тоа секогаш било сомнеж плус за Роберт. Другата поранешна жена на Роберт, Елен Пирсен ја потврдила приказната на Ашли.

–          Роберт никогаш не би побарал ДНК тест. Ја сакаше Клои, но се сомневаше во татковството. Секој нормален човек би се сомневал кога би знаел дека жена му го изневерува, – изјавила таа.

Наводно Роберт и Крис Џенер (мајката на Клои) не спиеле заедно кога Клои е зачната, а и самата Крис признала дека го изневерува сопругот.

Повредената Клои на Твитер напишала:

–          Кој ви дава право на ваков начин да го споменувате татко ми! Треба да ви е срам! Многу работи сум премолчела, но ова е навистина ниско! Одвратни сте (знаете кои сте)!

Напиши коментар