ШоуБиз

Клуни пушти срце, новинари во неговиот дом :)

Џорџ Клуни одлучил да им дозволи на камерите на вестите „CBS“ да влезат во неговиот дом во Лос Анџелес. Актерот е еден од познатите ѕвезди кој ќе биде дел од емисијата „Person to Person“ заедно со Џон Бон Џови и Ворен Буфеи.

Во својот дел од емисијата, Клуни ја покажува својата кујна, домашното кино, барот, како и една цела колекција со слики. За новинарите решил да го покаже и своето куче Ајнштајн, кого Клуни го спасил во 2010 година.

Епизодата ќе биде прикажана во среда и ако емисијата доживее успех, можно е поредовно да се снима. Од тимот на програмата велат:

–          Кога некој ќе ти дозволи да влезеш во неговиот дом, тоа е доста интимна работа!

Напиши коментар