ШоуБиз

Книга првенец на Jessica Alba

Jessica Alba (30) треба да ја објави својата книга со наслов „The Honest Life“, а во неа актерката ни дели совети од сопствено искуство како да создадеме природен, неотровен живот за нашето семејство.

–          Книгата е луда, но извонредна, – открива Alba за својата книга. „Јас не живеам екстремно. Оваа книга е за луѓето кои се на средина, но сакаат да имаат поздрав живот, баш како мене“.

Во пишаното дело ќе има биографски елементи од животот на актерката, од типот на совети за убавина, подобра домашна атмосфера, рецепти и како да се постигне хармонија во семејството покрај бројните обврски.

Книгата ќе биде пуштена во продажба на почетокот на 2013 година.

Напиши коментар