ШоуБиз

Коби Брајант ја моли Ванеса да му се врати!

Коби Брајант прави буквално сѐ што е во негова моќ за да си го спаси бракот кој дојде до точка на кулминација и самошто не се распаднал. Тој дури и се заколна пред жена си Ванеса дека повеќе никогаш нема да ја изневери ако таа реши да му дозволи да се врати назад во нејзиниот живот.

Коби постојано ја следел Ванеса во последниве неколку недели и таа позитивно одговарала на неговата упорност да ја врати назад. Ванеса и порано му веруваше на Брајант, но сеуште не е сигурно дали бракот ќе може да се спаси.

Се појавија гласини дека Коби бил прилично дарежлив и на Ванеса ѝ подарил доста скапи парчиња накит. Засега работат на помирување и ги повлекле документите за развод.

Напиши коментар