Art & Crafts

Кое цвеќе да го подарите за Св. Валентајн?

Денес се празнуваат едни од најубавите празници, кои ги воздигнуваат љубовта и виното. Особено празникот на вљубените има свои обележја, како разменувањето подароци. Сите ќе се согласиме дека најубав и најуниверзален подарок е цвеќето, меѓутоа различните видови цвеќиња имаат различно значење, особено при чинот на подарување…

Стрелиција – Рајска птица … Рајската птица го има добиено своето име, по особениот облик. Цветот е во силни бои, а неговиот облик е како на птица. Овој цвет се подарува, доколку пред Вас е личноста со која си ја замислувате иднината.

Лилјан –  Калата, лилјнаот и кринот спаѓаат во фамилијата лилјани. Секој од нив претставува нешто различно, затоа одлучете се за комбиниран буќет. Калата ја симболизира кралската убавина, лилјанот кокетирањето, а кринот чистотата. Избегнувајте ги портокаловите лилјани бидејќи претставуваат презир.

Рози – Никако нема да погрешите со буќет рози, особено ако се со омилената боја на личноста на која и ги подарувате. Розите симболизираат љубов, привлекување, воздишки…Црвените, симболизираат длабока љубов, белите чиста љубов, розевите нежни емоции како радост, благодарност, портокаловите симболизираат страст, а виолетовите љубов на прв поглед. Ако купувате роза за Вашата пријателка, нека биде во жолта боја, која симболизира грижливо пријателство.

Гербер – За да ја покажете вашата огромна,верна љубов, одлучете се за ова цвеќе. Неговата боја, едноставно, симболизира радост.

Орхидеја – Егзотичната орхидеја е совршен избор за елегантната и софистицирана жена во Вашиот живот. За да ја искажете огромната љубов и почит, изберете го ова цвеќе. Општо, ова цвеќе ги симболизира женственоста и шармот. Постои во повеќе видови и повеќе бои, меѓутоа за што и да се одлучите нема да згрешите.

Напиши коментар