Мода

Кое парче од новата колекција на ZARA би го избрале ?

Ви носиме детален lookbook за Пролет/Лето 2012 …

ZARA уште еднаш нé изненади со новата колекција за Пролет/Лето 2012 која е генијална !!! Одличен избор на кроеви, бои и детали кои доаѓаат во облик на откачени чевли и ташни е причината поради која сите трендсетерки Пролетта ќе ја дочекаат во креациите на ZARA. Главната кампања Ви ја претставивме пред некој ден, а денес Ви претставуваме нешто поопширен lookbook кој ќе Ви открие нешто повеќе креации за претстојнава сезона.

Носители на колекцијате се пудрестите тонови, пастелните нијанси, црната и белата боја, асиметричните кроеви, меката кожа и впечатливите принтови кои доаѓаат во облик на флорални и анимал примероци. ZARA предлага пастелните тонови да се комбинираат меѓусебно, како и флоралните принтови , за да се постигне ефектен и тотално модерен стајлинг.

Напиши коментар