Убавина

Кофеинот ја уништува, а мајонезот ја негува косата

За убава и здрава коса потребни се квалитетна исхрана, квалитетни препарати за нега, живот без стрес…

Научниците направиле едно истражување со кое утврдиле дека кофеинот и стресот се најголеми уништувачи на квалитетот на влакното. Со секое консумирање на кафе, ние и наштетуваме на нашата коса.

Додека пак од состојките кои најмногу и одговараат на косата, тие го издвојуваат мајонезот. Според нив, мајонезот е богат со состојки кои и се неопходни на косата. Затоа ако сакате мека и сјајна коса ставете маска од мајонез и оставете нека делува половина час. Потоа измијте се регуларно. Доколку ова стане ваша пракса барем еднаш седмично вие ќе имате совршено здрава коса.

Напиши коментар