Motherhood

„Кога мислиш дека не те гледам“

Текст што секој возрасен треба да го прочита зошто децата гледаат и го прават она што ти го правиш, а не она што го зборуваш.

Кога мислеше дека не те гледам, јас видов дека го закачи мојот прв цртеж на ѕидот и веднаш посакав на нацртам друг.

Кога мислеше дека не те гледам, јас видов како нахрани изгубено кутре и научив дека е добро да си мил со животните.

Кога мислеше дека не те гледам, јас видов како ја направи мојата омилена торта за мене и научив дека малите нешта можат да бидат најспецијалните работи во животот.

Кога мислеше дека не те гледам, јас слушнав како се молеше и разбрав дека некаде таму  има Бог со кој секогаш можам да разговарам и научив да верувам.

Кога мислеше дека не те гледам, јас видов како посвети дел од своето време и пари за да помогнеш на луѓе кои немаат ништо и научив дека оние кои имаат нешто треба да даваат на оние што немаат.

Кога мислеше дека не те гледам, јас видов како се справуваш со обврските дури и кога не се чувствуваш добро и научив дека треба да бидам одговорен кога ќе пораснам.

Кога мислеше дека не те гледам, јас те погледнав и сакав да ти кажам „Благодарам!“ за сите оние работи кои ги видов, кога ти мислеше дека не те гледам.

Ова го посветувам на сите оние за кои знам дека прават толку многу за другите и мислат дека никој не го гледа тоа.

Секој од нас, родител, дедо и баба, роднина или пријател има големо влијание врз животот на детето и карактерот што ќе го има во иднина. Денес направете еден добар гест со кој ќе допреш нечиј туѓ живот, ќе го направиш подобар, ќе внесеш малку светлина во мракот. Бидете добар пример за детето, од вас зависи неговата иднина и тоа дали ќе бидете дел од позитивната промена на светот.

 

Напиши коментар