ШоуБиз

Кога нема гради, се редат пилешки батаци :)

Шарлиз Терон, една од најатрактивните актерки во Холивуд признала дека поради малите гради мора постојано да се служи со необични трикови за нејзиното деколте да изгледа привлечно и големо.

Во едно интервју за чија насловна Шарлиз се сликала токму во деколтиран фустан, таа вели дека морала да става пилешки филети во градникот за градите да ѝ изгледаат поголеми.

–          Кој нема гради, ќе си носи пилешки филети, – изјавила на смеа.

Терон како дете била постојано болна и поради тоа најмногу ѝ страдале забите. Таа сонувала да стане балерина, но во тој сон ја спречила висината.

–          Бев премногу висока за балерина и постојано се повредував. Она што ми се допаѓаше во балетот беше приказната, но кога сфатив дека истото можам да го направам и преку актерството, се преселив во Лос Анџелес, – вели таа.

Шарлиз си ја има пробано среќата и како модел, но изгледа најдобро плива во актерските води.

Напиши коментар