ШоуБиз

Кога Николас Кејџ се внесува во улогата :)

Актерот Николас Кејџ призна дека едно време толку се соживеал со својот лик што по улица шетал со маска, мислејќи дека е „Ghost Rider“.

Овој Оскаровец богами знае што значи да се соживееш со една улога. Тој во едно интервју открива дека додека се подготвувал за улогата на “огнен дух на мотор“, помислил дека навистина е Џони Блејз.

–          Работите толку излегоа од контрола, па добро е што на крај не завршив во затвор. Се појавив на една божиќна забава со маската на мене, мислејќи дека сум јунак од стрип, – се отворил Кејџ.

–          Глумев натприроден лик, па зошто тогаш да не се обидам да го досегнам натприродното и да видам што ќе се случи? – додава актерот, кој често си ја носел вуду маската на себе.

Најновиот филм „Ghost Rider: Spirit of Vengeance 3D“пристигнува во кината на 17-ти Февруари.

Напиши коментар