ШоуБиз

Кога Obama пушел марихуана :)

Биографот David Maraniss во својата нова книга „Barack Obama: The Story“ открива детаљи од младоста на американскиот претседател. Иако книгата сеуште не е официјално објавена, на интернет може да се најде и прочита следниот извадок:

–          Кога марихуаната влезе во кругот, Obama секогаш сакаше да земе дим преку ред. Никој не му замеруваше. Сепак, се наоѓаа на Хаваите.

Во книгата пишува и дека Obama вовел ново правило во друштвото. Ако некој прекумерно вдише од марихуаната, за казна требало да го прескокнат наредниот пат кога ќе биде негов ред да земе дим.

Писателот Maraniss во 1993 година има добиено Пулицерова награда. Самиот Obama никогаш не се обидел да негира дека во минатото употребувал наркотоци, а во своите мемоари има напишано дека:

–          Марихуаната ми помогна, како и алкохолот. Можеби земав и по малку кокаин кога можев да си приуштам.

Напиши коментар