ШоуБиз

Кого пак сега го смува принцот Harry? :)

Дали принцот Harry (27) си нашол поп принцеза? Наводно, принцот кој самошто се вратил од одмор во Трансилванија, го поврзуваат со Mollie King (24), членка на групата „The Saturdays“.

Се вели дека принцот е замаен од русокосата и дека иако се работи само за почеток на врска, парот е интензивно заљубен и поминуваат многу време заедно низа дискотеките во Лондон. Последно се забележани на една караоке забава во друштво на неколку заеднички пријатели и според нив шансите дека King наскоро ќе му стане официјална девојка на принцот се 5:1.

Од страната на King сеуште никој нема дадено изјава, а гласноговорникот на Harry кажал дека неговата канцеларија никогаш не коментира за приватниот живот на принцот.

Write A Comment