Мода

Кои бои ја истакнуваат женската убавина и нејзиниот сексапил?!?

Боите кои се наоѓаат во средината на спектарот на бои, т.е. оние кои не се ни претопли ни преладни, им одговараат на сите жени. Leatris Ajzman во својата книга за боите (The Color Answer Book) ги издвојува четирите универзални бои кои го извлекуваат целиот потенцијал на сексипил. Затоа, облека во овие бои мора да ја имате во својот гардеробер.

Вистинска црвена:

Дизајнерот Bil Blas еднаш рекол: „Кога сте во дилема, облечете црвено.“. И тоа е потполно точно! Истражување на Универзитетот во Дурхам докажува дека на атлетските натпревари поголеми шанси за победа имаат оние кои носат црвени дресови. Таа е посебна боја која се наоѓа точно во средината на црвениот спектар. Шминкерите ја објаснуваат на следниов начин: ладна цреша и топол и зрел патлиџан, и таа е адут за секоја жена.

Синозелена боја:

Бои на спротивни страни од спектарот се појачуваат една со друга. Затоа не е чудно што синозелената боја, позната како теал, која совршено одговара со спротивно розовата, дава здрав изглед на кожата. Исто така, многу е поприлагодлива од светлата, летна тиркизна боја. Одлично одговара и со црна, кафена и други неутрални бои.

Валкано розова:

На спектарот на бои се наоѓа помеѓу светло розова и бојата на праска и делува повеќе како неутрална отколку пастелна. Таа боја ја нагласува природната свежина на лицето и секој кој ја носи изгледа како да блеска. Козметичарите на сите свои клиенти им препорачуваат со оваа боја да стават кармин со слична нијанса.

Боја на модар патлиџан:

Ова е совршената виолетова боја затоа што е лесно прилагодлива исто како црната, темно кафената или морнарско сината.

Напиши коментар