Убавина

Кои етерични масла треба да ги имате за здрава кожа?

Со оглед на брзиот начин на живот, кога немаме доволно време да си посветиме за правилна нега на кожата и косата, треба да ги имаме овие етерични масла. Тие се одлична замена за скапите козметички третмани, кои даваат одличен ефект.

Кокосово масло

Кожат најмногу го сака кокосовото масло. Уште од многу оддамна ова масло се користи како борец против брчките. Ја храни кожата, и дава влажност во текот на целиот ден. Кожата ќе ви биде мека и еластична, стриите и брчките за вас ќе бидат непознат поим. Најдобро е да користите ладно цедено масло, тоа има задржано доволно витамини потребни за вашата кожа.

Маслиново масло

Во минатото ова масло се користело за лечење на раните. Денес се користи буквално за се. За чистење на шминката, за нега на кожата, за спречување на појава на стрии…

Арганово масло

Ова масло е главна состојка во скапите креми за нега на лицето, кои воедно се со намена да ја спречат појавата на брчки. Користете го редовно. Тоа е извор на голема количина на витамин Е, основен витамин за здрава кожа.

Масло од семки од грозје

Тоа е одлично масло кое не е претерано масно, а многу моќно кога е во прашање здравјето на кожата. Ја регенерира, и ја штити кожата од предвремено стареење. Одлично е за употреба на кожата околу очите. Доколку секоја вечер се мачкате со ова масло, нема да имате проблем со брчки.

 

Напиши коментар