Обично сите ги нарекувме „Американци“ или „холивудски ѕвезди“, но нивните корени се многу далеку од САД. Овие личности, кои ви ги претставуваме, имаат руско потекло.
Двајцата дедовци на Стивен Спилберг се од Русија, а мажот не неговата сестра е далечен роднина на еден руски писател и преведувач.

Мала е веројатноста дека срамежливата Еврејка Роза Робинивиќ од Одеса помислила дека нејзиниот правнук ќе стане светски познатиот актер Силвестер Сталоне.

Мајката на Никол Шерзингер е полу Русинка, полу Хавајка.

Родителите на Натали Портман се по потекло од Молдавија, но подоцна се преселиле во Ерусалим.

Предците на актерката Гвинет Палтроу живееле во Минск, Белорусија.

Мила Јовович е родена во Киев, Украина и таму ги поминала првите пет години од својот живот.

Бабата на Харисон Форд во 1907 година го напуштила Минск. Актерот сеуште ги бара своите роднини кои живеат некаде во Русија.

И бабата на Леонардо ДиКаприо се преселила од СССР во Германија. Таму се омажила, а нејзината ќерка потоа се преселила во Америка, каде е роден Лео.

Бабата на Вупи Голдберг е родена во Одеса, Украина.

