Здраво тело

Кои се најздравите летни напитоци ???

Со што да ја изгасите жедта за време на летните жештини???

Обична вода, е најздравиот и најекономичен одговор. Сепак, најчесто се одлучуваме и за други напитоци…

Ги има засладени и незасладени, газирани и негазирани, од свежо овошје и зеленчук или вештачки ароми. Изборот е толку голем, што може да се задоволат сите вкусови, а всушност самиот вкус е основа и темелен критериум за изборот на напиток…

Вода – Без водата нема живот. Таа ги транспортира хранливите состојки низ организмот, на одреден начин ја регулира телесната функција, работата на поединечни органи и организмот во целина, ги елиминира штетните состојки и ја одржува телесната температура. Без доволно вода, чувствуваме умор и главоболка, а недостатокот на вода, особено е видлив на кожата. Водата ја одржува нашата кожа мека, еластична и пред сé, млада.

Со оглед дека секојдневно со процесот на дишење и потење, лачиме околу три литри течности, од голема важност е истите непрестано да се надоместуваат. Така, треба да се води сметка дека не смееме да се ориентираме само спрема појавата на жед, бидејќи тогаш, нашата потреба е значително нарушена. Едноставно, постојано треба да ја пиеме оваа течност и во двојни количества и пред да се појави потребата.

Овошни сокови – Здрави се, но внимавајте. Соковите кои што се купуваат, во нив содржат дополнителни шеќери и адитиви. Најдобро е овошните сокови да ги правите сами, како комбинација од плодови по Ваш избор. Доколку сте мрзливи задолжително прочитајте ја декларацијата на производот и одлучете се за соковите со 100% овошна содржина.

Се состојат од вода шеќери, киселини, овошни концентрати и конзерванси кои го спречуваат крвавењето. Иако, нив особено ги сакаат децата, истите, не треба да претеруваат со консумацијата. Зголемената количина на шеќер може да го намали апетитот и така да ја поремети рамнотежата во исхраната. Одберете ги оние со помало количество шеќер или без него.

Чаеви – Верувале или не, еден од најдобрите летни напитици кој ќе Ве освежи и  ќе Ви ја изгаси жедта. Благодарение на присуството на симулирачките состојки ( теобромин, кофеин ), делува како тоник, идеален е во борбата против умор, и губитокот на сол.

Содржи двојно повеќе кофеин од кафето, но е помалку агресивен, бидејќи е врзан за танин. Сепак, со чајот не треба да се претерува бидејќи предизвикува несоница и нервоза. За време од 24 часа, не треба да се испијат повеќе од 4 – 5 шолји.

Напиши коментар