Светската слава ја постигна со улогата на детето волшебник во познатиот филм „Хари Потер“, а после тоа следеа многу други посериозни улоги. Неколку од новите улоги беа и на Бродвеј, така што еднаш изгубеното дете сега не може да ја дигне главата од обврски.
Погодувате дека се работи за Daniel Radcliffe кој овој пат е сликан на снимањето на најновиот филм со наслов „Kill Your Darlings“. Актерот за прв пат е забележан со виткана коса, а носи и очила по кои Хари Потер стана препознатлив.
Во филмот, Daniel го глуми писателот Allan Ginsberg, а ќе може да се погледне во кината дури во 2013 година.


