ШоуБиз

Кој актер стана просјак? :)

Многу познати актери како своја врвна доблест ја истакнуваат способноста да се трансформираат во комплетно поинаква личност и да се внесат во улогата или во животот кој го глумат.

Како што ни е познато на сите, актерот Hugh Jackman (43) е синоним за добар актер, за секси и згоден дечко и заводник. Сепак, на сликата која тука ви ја претставуваме, тој речиси и не може да се препознае.

За тоа се задолжени шминкерите од филмот „Les Miserables“ на кој актерот моментално работи во Лондон. Премиерата на филмот кој се снима според книгата на Виктор Иго се очекува да биде во декември, оваа година, а Hugh ќе го олицетвори ликот на Jean Valjean.

Напиши коментар