ШоуБиз

Кој бил љубовникот на Whitney?

Whitney Houston наводно имала тајна врска со Jermaine Jackson, братот на кралот на поп музиката. Иако до неодамна се зборуваше како всушност Whitney и Michael  се сакале, сега излегува дека во прашање бил неговиот брат. Оваа вест му доаѓа во прилог на фактот што Jermaine бил скршен кога дознал за смртта на пејачката. Нејзиниот голем хит „Saving All My Love for You“ зборува за нејзината љубов со Jermaine.

Песната е за една девојка која е во врска со оженет човек, каков што бил случајот со Jermaine додека биле во врска. Во спотот дури и глумел актер кој многу наликувал на него. Michael бил еден од ретките кои знаеле за оваа врска, но не ја одобрувал. Сѐ до нејзината смрт, Whitney останала во добри односи со Jermaine, кој за жал немал сили да дојде на нејзиниот погреб во Њу Џерзи.

Напиши коментар