Богатата наследничка на хотелите „Хилтон“ за време на дочекот на Новата година во Мајами, по полноќ пред сите луѓе се бакнувала со диџејот Афроџек, а подоцна ја делеле и собата во хотелот.
Во последно време се шушка дека Парис Хилтон и диџејот Афроџек чие вистинско име е Ник Ван де Вал не се само добри пријатели како што се мислеше на почетокот. Се чини дека работите меѓу нив се промениле и дека Парис од неодамна е во врска со овој музички продуцент.
Парот заедно се збавувал во Мајами во еден хотел, а близок извор тврди дека цело време се бакнувале и дека на крај делеле и заеднички апартман. Заедно се видени и на вечера во хотелскиот ресторан со нејзината сестра Ники, братот Барон и членовите на неговиот менаџмент.
– Парис и Афроџек седеа заедно, се држеа за рака и се бакнуваа цела вечер, – вели очевидецот.
На ВИП масата имале пет шишиња шампањ, пет шишиња вотка и една текила.
– Најубавата Нова година во животот во друштво на Афроџек во Мајами, – напишала Парис на својот Твитер и ставила нивна заедничка фотографија.
