Motherhood

Кој е газда во куќата?

Колку е добро мажот да е “папучар”, а жената да е таа која ќе тресне со раката на маса и ќе каже “Доста е”?

Неоддамна слушнав една теорија која вели дека тајната за успешниот брак е во одговорот на прашањето кој е газда во куќата. Едно истражување во Америка покажало дека во поголем процент се среќни семејствата во кои мажот го има главниот збор. Но, дали е навистина така? Заради патријахалното воспитување жените се оние кои се грижат за семејството, домот… а мажот е оној кој заработува и носи пари, па кога ќе дојде од работа само ќе се најаде и ќе се оптегне пред телевизорот.

Но, сведок сум и на такви семејства каде улогите се малку заменети. Жената е таа која наредува, а мажот исполнува наредби…

Како и да е, нели мислите дека сега се поинакви времиња и дека рамноправноста е онаа работа која е клучна за успешниот брак? Подеднакви обврски, грижа за семејството, подеднаква работа и многу љубов. Тешко во практиката, но ова е клучот според најголемиот број на анкетирани во Европа.

Напиши коментар