ШоуБиз

Кој е најдобар љубовник според Aguilera? :)

Christina Aguilera смета дека Cee Lo Green би бил особено добар љубовник од причина што тој секогаш е „чуден и креативен“.

Овие двајца колеги заедно судат во американското талент шоу „The Voice“ и тоа заедно со Blake Shelton и Adam Levin. Пејачката за списанието „Access Hollywood“ го објаснувала својот однос со момците, тврдејќи дека ги чувствува како браќа. Проблемот настанал кога била запрашана кој според неа би бил најдобар дечко или љубовник.

–          Најдобар љубовник можеби би бил Cee Lo Green. Секогаш знае да биде по малку чуден и креативен, – се изјаснила по краткото наговарање од страна на новинарот.

Напиши коментар