ШоуБиз

Кој е најуспешниот модел на светот? :)

Прекрасната бразилска манекенка Gisele Bundchen, освен што е една од трите најбогати модели во светот, сега е прогласена и за најдобра манекенка.

Списанието „Time“ неодамна ја објави листата на највлијателни личности во светот на модата, а на прво место кога се во прашање манекенките се нашла токму Gisele. Списанието ги зело во предвид сите личности од модната индустрија од 1923 година па до ден-денес. Gisele е дефинитивно една од најплатените манекенки од 2004 година па до сега, а освен тоа има и приватен бизнис.

Нејзината компанија се занимава со козметика, потоа таа поседува ланец хотели во Бразил, сопствена линија сандали и уште многу други работи. Ако зборуваме за работата како модел, само во 2010 година Bundchen заработила 45 милиони долари на основа на својата убавина и талент.

Write A Comment