ШоуБиз

Кој е новиот дечко на Katy Perry?!

Иако се разведе пред само два месеци, пејачката Katy Perry  сега си нашла утеха во моментално најплатениот манекен на светот.

Со ова таа уште еднаш докажува дека нема потешкотии во пребродувањето на разводот. Пејачката веќе се нашла во прегратката на најплатениот модел на светот, Французинот Baptiste Giabiconi.

27-годишната пејачка и пет години помладиот манекен се видени како се забавуваат  во Париз и таму поминале доста време заедно, уживајќи во заедничките прошетки. Интересен е фактот што пред само една година, манекенот изјавил:

–          Само кога би можел да ја натерам Katy Perry да се разведе, јас веднаш би ја оженил!

Oчевидци велат дека Katy го има целото внимание од моделот и дека тој постојано се врткал околу неа.

Напиши коментар