Само неколку месеци откако ја раскина долгогодишната врска со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон, пејачката постојано си наоѓа дечко за занимација.
Не дека Никол Шерзигер не помина низ тежок период, особено по заканите и нападот врз неа, а потоа и раскинувањето со Луис. Сепак, Никол е забележана на аеродром со некој непознат дечко. Тие двајца се гушкале како што оделе кон терминалот, се смешкале и разговарале. Пејачката била опуштена и давала впечаток како одамна да го познава дечкото.
Можно е да се работи за некој нејзин пријател, но бидејќи изгледале доста блиски, нивното заедничко појавување кренало лавина гласини. Ова е прв пат да ја видиме Никол со друг дечко по раскинувањето со Луис.