ШоуБиз

Кој ги носи моделите на Kanye West?!

Ни во најлошото сценарио не би претпоставиле дека Taylor Swift ќе облече парче облека дизајнирано од раперот и од неодамна моден дизајнер Kanye West.

Но, ете, и тоа се случи! Сите се сеќаваме на церемонијата на која Kanye вулгарно ја навреди Taylor изјавувајќи пред сите дека статуетката ја заслужува Beyonce, а не кантри пејачката. Но, работите се подобруваат.

Во априлското издание на списанието „Harper’s Bazaar“ наменето за австралијанскиот пазар, Taylor на драго срце прифатила да се слика облечена во креациите на West од колекцијата за сезона пролет/лето 2012.

Горниот дел на фустанот е малку потежок за да се забележи бидејќи е сокриен со марама, но дефинитивно се работи за креација на Kanye.

Дали се работи за коинциденција? Не веруваме.

Модниот уредник на списанието бил консултант на дебитантската колекција на дизајнерот.

Напиши коментар