ШоуБиз

Кој го помодре Ryan Gosling? :)

Им порачуваме на сите фанови на Ryan Gosling (31) да не се грижат кога ќе ја погледнат оваа негова слика. Актерот ќе биде во топ форма многу побрзо отколку што очекувате.

Крвта и модринките се само маска при снимањето на сцените од неговиот најнов филм со наслов „Only God Forgives“ кој се снима во Бангкок, Тајланд. Се работи за трилер во кој се раскажува приказната за еден поранешен тајландски боксер кој станува гангстер и се бори сo офицер од полицијата за да ја одмазди смртта на својот брат.

Покрај Gosling во филмот игра и Kristin Scott Thomas. Како поддршка на снимањето присутна била и неговата девојка Eva Mendes.

Напиши коментар