ШоуБиз

Кој го сокри кокаинот од апартманот на Whitney?

Откако во официјалниот извештај беше потврдено дека неодамна починатата пејачка Whitney Houston земала кокаин непосредно пред смртта, се дознава дека еден човек по име Raffles van Exel пријавил оти тој е личноста која ги уништила доказите поврзани со дрога во апартманот.

Холандскиот весник „Telegraph“ успеал да ја идентификува личноста која наводно ги уништила доказите за постоење дрога во апартманот, но сеуште не се знае што точно изнел од таму.

–          Собата мораше да се испразни и исчисти, – изјавил Van Exel кој себе си се опишува како ценет консултант во светот на славните.

Се очекува тој да истапи со подетална изјава за тоа што нашол и отстранил од хотелската соба.

Напиши коментар