Здраво тело

Кој има во нозете – има и во главата !!!

Сигурно сте ја слушнале изреката: „ Кој нема во нозете, има во главата“…Сепак, американските истражувачи открија дека вреди и спротивното.

Всушност, потврдено е дека луѓето кои се занимаваат со спорт, размислуваат побрзо од „останатите“. Се работи за следново: Испитаниците морале виртуелно да поминат прометна улица. Оние кои се бават со некаков спорт, покажале многу поголеми резултати отколку оние што се „бават“ со лежење на кауч, односно спортистите во најголем дел, без повреди ја поминале улицата.

Причина: Без разлика дали се наоѓаат на терен или не, спортистите мораат брзо да донесуваат одлуки, што е од голема корист и во практичниот живот.

Напиши коментар