ШоуБиз

Кој ќе ја купи куќата на Michael Jackson?!

Првиот надежен купувач кој дошол да ја разгледа куќата во која почина кралот на поп музиката Michael Jackson бил пејачот Robbie Williams. Кој знаеше дека има толку пари за трошење?

Очевидци го забележале пејачот како се вртка околу куќата и како детално ја набљудува во четвртокот попладне. Моменталната цена на куќата е 23.9 милиони долари и достапна е за купување на оној кој би можел да си ја дозволи оваа астрономска сума.

Богатството на Williams се проценува на 149 милиони долари и тој моментално има куќа во Беверли Хилс за која во 2008 година платил 16 милиони долари.

Куќата на Michael има седум спални и 13 бањи, а се простира на површина од 1.500 метри квадратни.

Напиши коментар