ШоуБиз

Кој ќе носи тоалета на Викторија Бекам за Оскарите?

Каде подобра промоција од оваа? Ако трите актерки (кои се спомнуваат барем засега) навистина за доделувањето на престижните Оскари носат фустани потпишани од Викторија Бекам, тоа ќе биде огромен плус за неа во светот на модата. Плус, ќе си добие медиумско внимание и бесплатна реклама.

Пред три години, Викторија ја претстави својата прва колекција на Модната недела во Њујорк и досега нејзините креации ги имаат носено голем број познати ѕвезди.

Шарлиз Терон, Камерон Дијаз и Гвинет Палтроу наводно треба да присуствуваат на Оскарите оваа година и тоа облечени во тоалети со потпис на Бекам. Модните критичари веќе започнаа да се лутат, со образложение дека Викторија не може да дизајнира фустани за една таква врвна церемонија, освен ако нема професионална помош при изработката.

Напиши коментар