ШоуБиз

Кој лудува по Пипа Мидлтон?

Врската помеѓу Пипа Мидлтон и Џорџи Перси наводно станува сè посериозна, а парот е лудо заљубен. За врската меѓу сестрата на Кејт Мидлтон и еден од најбогатите Британци, во чие наследство е и дворецот Алнвик (попознат како „Хогвортс“ од филмовите за Хари Потер), се пишува веќе со месеци по медиумите.

Британските медиуми сега ја пренесуваат веста дека еден нивен заеднички пријател тврди оти Џорџи е силно заљубен во Пипа и просто маѓепсан од неа. Затоа не би зачудило никого ако убавата Пипа наскоро стане „војвотката од Хогвортс“.

Инаку, таа по раскинувањето со Алекс Лоудон си најде утеха во својот долгогодишен пријател Џорџи, па на крај излезе дека рамото за плачење и не е секогаш така лош избор.

Напиши коментар