Motherhood

Кој подобро готви – жените или мајките?

На ова деликатно прашање одговараа 2000 мажи во едно истражување во Британија.

Ова е малку разочарувачки за секоја партнерка, но сепак вреди да се слушне вистината. Дури 55% од испитаниците одговориле дека се позадоволни од вкусот на храната на нивната мајка, отколку на својата партнерка.

Друг интересен податок е дека токму овој факт што мажите повеќе сакаат да ја јадат храната од нивните мајки, претставува причина за кавга и тоа дури во 75% од кавгите.

Дали станува збор за навика на вкусот, или домаќинката не се погодила не се знае. Но, еве еден совет до мажите. Не ги разочарувајте вашите партнерки, дајте им повеќе елан за готвење. Доколку постојано им кажувате дека не знаат да готват, и дека вашата мајка тоа го прави подобро може само да постигнете контра ефект и кавга која ќе ви го уништи денот.

Напиши коментар