Сите го знаеме Џејмс Франко како еден од најзгодните актери во Холивуд. Но, изгледа дека 33-годишниот актер си има проблеми со метаболизмот.
Навикнати сме да го гледаме прилично слаб и скоцкан, но ова што на своите апарати го фатиле папараците, воопшто не наликува на него. На сликата тој има солидно заоблен стомак.
Што е причината за оваа промена, засега е непознато. Сите знаат дека Џејмс никогаш не претерува со алкохол, ниту пак се дрогира.
Инаку, покрај тоа што е успешен актер, Франко предава и на универзитетот во Њујорк, а кај да е треба да го објави и својот прв новел, инспириран од неговиот живот во Холувуд.