ШоуБиз

Кој смее да удри „Очајна домаќинка“? :)

Актерката Nicolette Sheridan, која во познатата серија „Очајни домаќинки“ ја играше Edie Britt, на суд бара 20 милиони долари од творецот на серијата – Mark Cherry.

Според неа, во 2008 годна Cherry ја удрил по лицето по една кратка расправија во врска со текстот за серијата. Подоцнa тој дошол во нејзината приколка за да ѝ се извини, а кога таа го пријавила инцидентот во една телевизиска куќа, за да ѝ возврати Cherry го убил нејзиниот лик  во неочекувана автомобилска несреќа.

Ни останатите актерки од серијата не поминале без проблеми со Mark. За Terry Hatcher тој изјавил дека се надева оти еден ден ќе ја прегази автомобил.

Судењето веќе започнало и се верува дека Nicolette најмалку што може да се збогати од овој случај е 6 милиони долари.

Напиши коментар