ШоуБиз

Кој толку ја сака Америка? :)

Неодамна без трошка срам се измоча на сред улица, а овој пат за потрбите на новиот едиторијал со неа, таа всушност покажа колкав патриот е. Претпоставувам дека знаете за кого се работи.

Погодивте ако помисливте на Kesha. Љубовта кон родната земја ја покажа со тоа што си го нацртала американското знаме на лицето. Овој едиторијал е направен за списанието „V Magazine“.

Во интервјуто, Kesha проговорила за својот албум, навестувајќи дека малку ќе го промени музичкиот правец.

–          Сигурно ќе има шокирани по објавувањето на албумот. Другите ќе бидат возбудени кога ќе дознаат дека сум снимила нешто поинакво од она досега. Јас сум од југ, имам душа. Но, верувајте ми, ова нема да биде авангарден џез албум. Намерно пишувам поп песни. Тоа е тоа што го правам, – вели пејачката.

Напиши коментар