ШоуБиз

Која ѕвезда е поназад со модата?! :)

Ова е стил кој беше многу популарен во 70-тите години на минатиот век, но и сега од време на време се појавува на модните писти, за жал без некој поголем успех. Овој пат, се работи за Хајди Клум која се одлучила за фармерки ѕвонарки, но во малку поекстремна верзија.

38-годишниот модел ги одбрал овие смешно широки фармерки со искинати краеви додека ја носела својата ќерка Лени на часови по балет во Западен Холивуд. Дури за малку ќе се сопнела додека ја носела ќерка си за рака. Малку подоцна ѝ се придружил и сопругот кој ја носел 2-годишната Лоу в раце.

Инаку, ова холивудско семејство ги помина празницте во Аспен, Колорадо.

Write A Comment