ШоуБиз

Која ѕвезда решила да се собуе? :)

И на познатите ѕвезди некогаш им доаѓа преку глава од целиот гламур на Холивуд, па се одлучуваат на малку понеконвенционални чекори.

Сандра Булок докажа дека не секогаш важи правилото: Ако си дама, ќе си ја трпиш болката од високите потпетици до крај на вечерта. Не ѝ личи на вистинска дама да шета боса на некоја важна церемонија.

Булок решила да го заобиколи ова непишано правило и била забележана како шета боса за време на забавата на Академијата завчера. 47-годишната актерка не можела да ја поднесе болката која ѝ ја причинувале високите чевли, па додека ја чекала колата за дома, се собула и така прошетала меѓу присутните.

Напиши коментар