← НАЗАД НА БОЗА

Која е новата Кери Бредшо?

Која е новата Кери Бредшо?
873 Читања

Кери Бредшо е ликот кој ја прослави Сара Џесика Паркер во култната серија „Сексот и градот“. Кога се обелодени фактот дека ќе се снима продолжение, но со случките кои им претходеле на нам добро познатите авантури на четирите тренди девојки, најпоставувано прашање беше: Кој ќе ја добие улогата на Кери? Изгледа дека конечно го добивме одговорот.

Младата актерка Ана Софија Роб најверојатно ќе го игра ликот на главната хериоина во серијата и ќе стане нашиот нов омилен лик од малите екрани. Оваа 18-годишна актерка наводно веќе е во студиото каде ја снима пилот епизодата. Ана е најпозната по улогата со Џони Деп во филмот „Чарли и фабриката за чоколада“.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk