ШоуБиз

Која е новата женска на Mark Anthony?

Откако се разведе од една од најзгодните жени на планетава, пејачката и актерка Jennifer Lopez, Mark Anthony во никој случај не западнал во депресија. Веднаш почнал во потрага по замена за поранешната жена, која пак него го замени со 25-годишен дечко.

Mark среќата ја пронашол со моделот Shannon se Lima со која заедно се појавил на еден спортски настан во салата „Sports Spectacular“ во Лос Анџелес. Неговата нова партнерка е помлада од J Lo цели 20 години, односно има точно 24 години, па изгледa како Anthony да сака на ист начин да ѝ возврати на мајкaта на неговите две деца.

Латиноамериканскиот пејач и актер се разведе од Lopez по седум години брак. Овој пат изгледал доста среќен и задоволен со атрактивната млада партнерка.

Напиши коментар