ШоуБиз

Која е оваа босонога убавица? :)

Скоро секогаш е совршено облечена, без да ѝ фали едно влакно. Кај неа едноставно сè си е на свое место. Меѓутоа, Никол Кидман била фатена боса во Пасадена, Калифорнија.

44-годишната актерка цел ден одговарала прашања на прес турнејата во врска со нејзиниот иден филм кој ќе се прикаже на каналот HBO. Австралијанката носела високи потпетици, но откако го поминала целиот ден во позирање и одговарање прашања за нејзината улога заедно со Клив Овен, не можела да дочека да ги собуе чевлите.

Филмот ја раскажува епската љубов помеѓу новинарката Марта Гелхорн и писателот Ернест Хемингвеј.

Кидман е многу возбудена што ќе ја игра оваа улога, а тоа им го дала до знаење и на бројните присутни на пресконференцијата.

Напиши коментар